Палел сува трева во нива, огнот се проширил и му го уништил автомобилот и се здобил со изгореници
74-годишен жител на тетовското село Палатица се здобил со изгореници откако се обидел да изгасне пожар во кој целосно изгорел неговиот автомобил „фолксваген голф“.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 20 октомври во 15:15 часот во СВР Тетово.



