МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА СВЕТСКИОТ ПОДИУМ: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Уште еден голем успех за македонскиот танц на меѓународната сцена! Македонската танчерка Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во хип-хоп и попинг, кое се одржа во Киелце, Полска, запишувајќи значаен резултат за Македонија.



